Српската пејачка Слаѓа Алегро се пожали дека вчеравечер имала непријатно искуство на настапот во дискотека во Струмица. Додека пеела во еден од ноќните клубови во градот, на бината се качило момче оти оттаму му било најлесно да помине до другата страна на клубот. По настапот, Слаѓа на инстаграм ја раскажа за непријатната ситуација.
„Знае ли некој да ми објасни што му се врти во мозокот на некој што среде настап сака да пројде преку бината каде стојат и свират музичари? Само сакал да пројде оттука оти му било гужва. Каде другар, кадеее???“, напиша пејачката.
Освен ова, таа објави и слика направена пред настапот. „Вчеравечер во Струмица“, напиша Слаѓа, а струмичани ја пофалија за одличната журка што ја направила во клубот.