СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛИЗГАЛИШТЕ!

август 28, 2019

Владата ја усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на седум монтажни спортски лизгалишта во Република Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1 ноември 2019 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ