strumica denes logo

СТРУМИЦА ДОБИ СОВРЕМЕН ЗЕЛЕН ПРОСТОР ЗА ЦЕЛОСНО УЖИВАЊЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Автор:

Датум:

април 8, 2026

Автор:

Датум:

април 8, 2026

Во присуство на голем број локални жители, претставници на институции, бизнис секторот и проектните партнери дека свечено го отворивме новиот парк со зелена инфраструктура во населбата Карпош во Струмица!

Струмичани добија модерен простор за рекреација и одмор кој се простира на речиси 13.000 м², со 460 дрвја и декоративни растенија, околу 10.000 м² тревни површини, пешачки патеки и урбана опрема за целосно уживање на отворено.

Со тоа, овој парк претставува нов симбол на зелената и чиста Струмица, создаден со посветеност кон природата и одржливиот развој!

Паркот е изграден во рамки на проектот „Зелен пулс во прекуграничниот регион“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија и претставува еден од најзначајните примери за одржлива урбана инфраструктура во регионот.