СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ПРАЗНУВА 75 ГОДИНИ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БУГАРСКАТА ОКУПАЦИЈА!

септември 11, 2019

Општина Струмица денеска одбележува 75 години од ослободувањето на градот од бугарската окупација. Со свечена програма и со полагање свежо цвеќе, претставниците на локалната власт, политичките партии, здруженијата на борци и граѓани оддадоа почит на борците кои ги дадоа животите за ослободување на Струмица.

Во Втората светска војна, Струмица била завладеана од германската војска на 6 април 1941 година. Германија, со договорот што го имале склучено за сојуз со Бугарија, им ја предала Струмица под окупација на бугарските војски на 18 април 1941 година. Македонскиот народ, а со тоа и луѓето од Струмица незадоволни од окупацијата на фашистичките земји, започнале воени дејствија против нив. На 11 септември 1944 година бугарската војска се повлекла од Струмица, а на 5 ноември 1944 година градот го напуштила и германската војска.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ