„СТИГА Е“ ПРАШУВА: ДО КАДЕ СМЕ СО ЛЕАП?

октомври 3, 2022

СТИГА Е – Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина:

ДО КАДЕ СМЕ СО ЛЕАП?

По предлог на советникот на Стига е, Ѓорги Танушев, на 14-та седница на Советот на општина Струмица, одржана на 31.08.2022 година, врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и член 20 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на оппштина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), Советот на општина Струмица донесе ОДЛУКА за отпочнување постапка за изготвување на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за периодот 2023-2029 година за Општина Струмица.

Со оваа одлука секторот за локален економски развој и заштита на животната средина се задолжува да отпочне со јавни медиумски консултации како подготовка за изготвување на нов Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) со цел запознавање и пошироко вклучување на повеќе експерти, граѓански активисти, граѓански иницијативи и граѓански организации, медиуми, здравствени институции, индустриски асоцијации и образовни институции во работни групи кои ќе бидат задолжени за изработка на новиот ЛЕАП и нивна поблиска соработка со сите релевантни чинители на локално и државно ниво.

Исто така, секторот за локален економски развој и заштита на животната средина при Општина Струмица се задолжува да изготви критериуми и да спроведе јавен повик на кој ќе се изберат членови на Локален управен комитет кој ќе биде задолжен да ја организира работата и да раководи со типовите по одредени области и ќе го координира и фацилитира учеството на јавноста во целиот процес на изготвување, презентирање, јавни расправи и донедување на новиот ЛЕАП за периодот 2023-2029 година.

Поради непрофесионалноста и неажурноста, односно незапазувањето на роковите кои се официјално утврдени, ние од Стига е, сметаме дека станува збор за дрскост, неодговорност и селективно непочитување на законите на кои сите ние се повикуваме.

Во таа смисла и со фудбалски жаргон ќе посочиме дека ова е жолт картон од граѓаните!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ