Home

Perdormire
Политика Струмица

СТИГА Е: НЕ ДОЗВОЛУВАЈ НИКОЈ ДА ВЛИЈАЕ НА ТВОЈОТ ИЗБОР, ВО ПЕНКАЛОТО НЕМА КАМЕРА – ЗА КОЈ ЌЕ ГЛАСАШ ЗНАЕШ ЕДИНСТВЕНО И САМО ТИ!

Home

СТИГА Е:

⚠️ Низ годините сме научени дека избори не поминуваат без разноразни агитации, убедувања и притисоци за да гласаме за „овие“ или за „оние“. Годинава – ништо поразлично!

Затоа наместо притисок – СТИГА Е! ви нуди едукација околу процесот на гласање.

⇝ 1. НЕ МОРА да гласаш за никој чиешто дејствување се коси со твоето здраворазумно расудување и убедување! Притисоци имало и ќе има, но ТВОЈОТ ГЛАС Е САМО ТВОЈ!

⇝ 2. Прифати ги, односно сослушај ги сите сугестии околу тоа за кого треба да гласаш. Ако мораш дури и потврди ги и избегни ги проблемите кои може да настанат ако се противиш. Кога ќе застанеш зад параванот – ТВОЈОТ ГЛАС Е САМО ТВОЈ!

⇝ 3. Во пенкалото нема камера. Зад тебе нема камера. Во параванот нема камера. За кој ќе гласаш знаеш единствено и само ТИ. НЕМА начин како некој со сигурност да знае кој за кого гласал, можат само да погодуваат.

⇝ 4. Камери нема, ама љубопитни очи и климнувања со глава ќе има. Погледни, насмевни им се на сите, климни им на сите. Но зад параванот – ТВОЈОТ ГЛАС Е САМО ТВОЈ! Сам одбери си за кој ќе гласаш.

⇝ 5. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ никој да влијае на твојот избор! Ти си важен дел од избирачкото тело, твојот глас е важен а честопати и одлучувачки. Направи вистински избор, не полегнувај на притисокот од партиите.

⇝ 6. Запомни, ТВОЈОТ ГЛАС Е САМО ТВОЈ, ЗАБОРАВИ НА ПРИТИСОЦИТЕ И ИСКОРИСТИ ГО МУДРО!