ССМ: Работници без плата каде што се печатат учебниците за средно образование

септември 14, 2023

Од Сојузот на стопански комори преку соопштение алармираат дека е загрозено печатењето на учебниците за средно образование и на Службен весник, бидејќи вработените во две печатници два месеца се без плати.

„Вработените во Печатница Напредок принт и Напредок 1 кои преку Просветно дело се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои што подолг временски период го печатат Службен весник веќе 2 месеци немаат добиено плата од страна на работодавачот ( управителот ) со што се загрозува навременото печатење на учебниците како и на Службениот весник со што покрај тоа што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник“, реагираат од синдикалната организација.
Од таму додаваат дека работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно.
„Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд“, открива ССМ.
Сојузот ги повикува државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатење на учебниците како и на Службениот весник, затоа што што работниците се подготвени за протест и евентуален штрајк.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ