Македонија во овие тешки моменти покажа сериозност, организираност и државнички пристап во соочувањето со последиците од трагедијата во Кочани, соопшти Владата, пренесува Актуелно.ме.
Владата и институциите веднаш реагираа, мобилизирајќи ги сите расположливи ресурси за итна помош, поддршка на семејствата и темелна истрага како би се утврдила одговорноста.
Медиумот пишува дека премиерот Христијан Мицкоски ја превземал координацијата на активностите од самиот почеток, а министри и надлежни институции се постојано на терен.
-Државата на семејставата кои изгубија најблиски веднаш им стави на располагање финансиска, медицинска и психолошка помош, покажувајќи високо ниво на солидарност и хуманост.. Во исто време, Владата најави опсежни мерки за спречување на слични несреќи во иднина, вклучително и засилена инспекција, ревизија на стандардите за безбедност и одговорност на сите пропусти, пишува „Актуелно.ме“.
Одлучноста да се стави крај на системските слабости, ја прави Македонија пример во регионот како една земја треба да се соочи во таква трагедија.
За потсетување, пишува„Актуелно.ме“, додека Србија се соочува со оставки и протести поради несреќата во Нови Сад, Македонија покажува поинаков став, дека државата може да делува брзо, организирано и одговорно.