СРПСКИ ГРАНД ПИШУВА: ГОРАН КУКИЌ ОДРЖА СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА, ПА СЕ РАСПЛАКА

октомври 16, 2018

Како што пишува српскиот портал Гранд, победникот на првата сезона од шоуто „Никад није касно“, Горан Кукиќ заедно со групата „Јупитер“ и неговата сопруга Ленче, одржаа спектакуарен концерт во родната Струмица. Неверојатната енергија на самите присутни на концертот покажа дека Горановата победа во шоуто е оправдана – пишува Гранд. 

Како што спомна Гранд во нивниот текст, по завршувањето на концертот публиката со голем аплауз ги поздравија Горан и Ленче, а Горан на крајот од концертот и се расплакал.

Навистина е убаво да се види како освен македонските медиуми, веста за успешниот концерт ја пренесуваат и медумите надвор од земјава.

Оригиналната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК

Извор: Гранд

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: