СРЕДСТВАТА СОБРАНИ ОД БОЖИЌНИОТ КОНЦЕРТ НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ НА СТРУМИЧАНЕЦОТ СТОЈЧЕ ЈОВАНОВСКИ!

декември 19, 2019

Во чест на јубилејот – 10 години одржување на хуманитарните новогодишно-божиќни концерти на СОУ „Јане Сандански“ дел од професорите застанаа пред камера за да ги споделат нивните сеќавања. Тие добија задача да издвојат еден најомилен концерт од досегашните девет изданија и да го раскажат моментот кој им оставил најсилен впечаток.

Некои беа навистина неодлучни, а дел од нив брзо ја освежија својата меморија и издвоија неколку омилени настапи и изведби.

Јубилејниот концерт со наслов „ДЕЦЕНИЈА“ ќе се одржи на 5 јануари во НУЦК „Антон Панов“.

🎫 Влезниците по цена од 150 денари може да се купат на 20, 23 и 24 декември во период од 12:30 до 13:30 часот во ходникот пред кабинетот по музика во СОУ „Јане Сандански“. Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за лекување на струмичанецот Стојче Јовановски.

Инаку, по успешно поминати три третмани матични клетки, Стојче треба да замине на физикална терапија во Србија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ