Средношколците до пратениците – побрзо носење на законските измени за бесплатен јавен превоз

април 14, 2023

Од сојузот на средношколци бараат Собранието што побрзо да ги донесе потребните законски измени за бесплатен јавен превоз за сите средношколци.

На 17 март Сојузот го достави тој предлог закон до Собранието, каде добија иизвестување од претседателот на Собранието дека текстот е доставен до сите пратеници.

Досега предлог законот не беше ставен во законска процедура, од сојузот на средношколци сметаат дека поминало доволно долго време и бараат што побрзо тој да биде ставен во собраниска процедура и да биде гласано за истиот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ