Србите бараат Македонија да се приклучи на брзата пруга за Белград!

август 3, 2023

Претседателот на Србија Александар Вучиќ при посетата на Прохор Пчински изјави дека Србија и Северна Македонија ќе бидат уште подобро поврзани во однос на инфраструктурата.

Во своето обраќање тој информира дека трговска размена со Северна Македонија изнесува 1,5 милијарди евра на годишно ниво.

Тој најави и дека се разговара за спојување на железницата на двете земји.

„Заедно со Европејците ја градиме брзата пруга Белград-Ниш. Веќе почнуваат работите на Ниш-Брестовац, 23 километри, што е некаде околу 60-70 милиони евра. Уште 450 милиони евра ќе не чини железницата до Прешево, односно до преминот со Северна Македонија“, рече тој.

„Ќе бидеме уште подобро поврзани со Северна Македонија“, заклучи тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ