Дел од родните овошни садници кои биле засадени во рамки на неодамнешната акција за пошумување во Струмица, во која учествувале општинската администрација и градоначалникот, биле ископани и украдени.
Според објавената реакција од Кире Михаилов, при посетата на дел од пошумените површини било констатирано дека недостигаат дел од садниците, односно дека тие биле отстранети од местата каде што претходно биле засадени.



























