strumica denes logo

Спречен шверц на апарати за игри на среќа во Македонија!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Царинската управа во рамки на своите надлежности континуирано презема активности за спречување на шверц и сива економија.