Во Струмица итно е потребна донација на крв од ретката крвна група Б негативна (B Rh-). Оваа крвна група е една од поретките и многу тешко се наоѓа, поради што се упатува апел до сите хумани граѓани кои ја имаат оваа крвна група да помогнат.
Секој кој е подготвен да донира крв може да се јави на телефонскиот број 078/389-788 за дополнителни информации и координација.
Да покажеме уште еднаш дека хуманоста не познава граници. Вашата донација може да спаси живот!