СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО НАСТАНОТ: СТРУМИЧАНИ, ДЕНЕС СИТЕ ВО САЛА „ПАРК“ ДА ДОНИРАМЕ ЗАЕДНО ЗА НАШИОТ НИКОЛА НОВОСЕЛСКИ!

мај 28, 2019

Голем дел од македонската поп и фолк естрада, денеска во спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 20:00 часот, ќе пеат за нашиот Никола Новоселски од Муртино, на кого му се потребни финансии за да продолжи со неговото лекување во Русија во Москва. Влезниците изнесуваат 200 денари и може да се купат во „Кафе 19“, „Голд Кафе“, „Концепт Кафе“. „Ресторан Play“, „Разнопромет Ас“ и директно на влезот во спортската сала „Парк“ пред почетокот на концертот.

На истиот концерт ќе настапат: Сузана Гавазова, Благоја Груевски, Миле Кузмановски, Стојне Николова, Ленче и Горан Кукиќ, Ѓоко Јовиќ, Марјан Коцев, Тајзи, Енерџи Бенд, Болеро Бенд, Дрим Тим и многу други.

Сите во сала и да донираме!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ