Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи објави видео на кое се прикажани резултатите на полицијата во претходната 2023та година.
Како што се наведува во видеото, за овој период запленети се 750 килограми марихуана, а 1.4000 килограми дрога се уништени.
Сузбиени се шест организирани криминални групи и спречени се четири меѓународни транспорти на марихуана.
Во 2023 година вкупно се запленети 159 парчиња оруѓје, над 43.000 парчиња муниција и над 21.000 пиротехнички средства.