strumica denes logo

СОВРШЕН РЕЦЕПТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ: Пенесетите маршмелоу бонбони

Автор:

Датум:

јануари 17, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

јануари 17, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Пенесетите маршмелоу бонбони можете да ги направите и сами дома со помош на овој едноставен рецепт. Некои сакаат овие бонбони да ги комбинираат со кафе, некои ги користат за декорации. Нивната подготовка е мошне едноставна, а вкусовите и боите можете да ги изберете сами.

Според корисниците на социјалните мрежи маршмелоу бонбоните што се подготвени дома се многу повкусни од оние што се продаваат во продавница.

За овој рецепт ви се потребни само неколку едноставни состојки, а готовите бонбони ќе ви бидат омилен додаток со топло кафе или какао.

Потребни состојки:

  • 250 g шеќер;
  • 30g желатин во прав;
  • 240ml вода;
  • растително масло со неутрален вкус;
  • ½ кафена лажица екстракт од ванила;
  • шеќер во прав (за посипување);

Начин на подготовка:

  1. Желатинот се потопува во 120ml топла вода, се меша и се остава да омекне околу 10 минути;
  2. Се зема калап или поголем плех и се премачкува со растително масло без вкус;
  3. Во тенџере се става 250g шеќер и 120ml вода и се вари додека не се добиеме густ шербет;
  4. Во шербетот се додава растопениот желатин, па се вари уште околу 1 до 2 минути, а потоа се трга од рингла (доколку има грутки од желатин, тие се толчат со шпатула);
  5. Смесата се префрла во чист сад и се остава да се олади околу 2 минути;
  6. Се мати со мискер на голема брзина сѐ додека смесата не добие бела боја или околу 5 до 6 минути, а потоа се додава екстракт од ванила и се мати уште малку;
  7. Смесата се става во премачканиот калап (доколку сакате бонбоните да ги направите во повеќе бои, тогаш половина од смесата ја ставате во калапот, а во другата се додава прехранбена боја се меша, па се префрла во калап);
  8. Вака подготвената смеса се остава да отстои 4 часа на собна температура, а потоа се посипува со шеќер во прав;
  9. Смесата се става врз чиста работна површина и се сечат бонбони.