Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа петтата седница и донесе повеќе значајни одлуки

мај 10, 2018

На петтата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, која што се одржа во општина Василево, а со која претседаваше градоначалникот на општина Струмица и претседател на Советот, Коста Јаневски, градоначалниците дискутираа за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе значајни одлуки. Меѓу нив се: одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км” – општина Василево, одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1387 метри” – втора фаза, одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“.
На седницата се дискутираше за распишаниот тендер за авионското третирање против возрасни комарци кое ќе се изврши на територијата на сите 10 општини во Југоисточниот плански регион, како и за подготвката на потребните документи за двата проекти за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со партнери од Република Бугарија ќе аплицира за финансирање на Вториот повик за поднесување на проектни предлози преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ