Советот на општина Струмица во четврток (03.05.2018 година) во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот ја одржи десеттата седница со следниот дневен ред:
1. Предлог – Одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
2. Нацрт – Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за изработка и спроведување на проект „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил”;
4. Предлог – Одлука за изработка и спроведување на проект „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот” ;
5. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправен јавен објект на ОО на „Црвен крст“ Струмица;
6. Предлог – Одлука за доделување на финансиски средства на Фестивал пролетни веселби – с. Чалакли , Валандово;
7. Предлог – Одлука за именување на општинско фудбалско игралиште;
8. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за давање согласност за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Општина Струмица за дооформување на градежна парцела;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6391/18, КО Струмица;
10. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Никола Вапцаров” Струмица;
11. Предлог- Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Сандо Масев” Струмица;
12. Предлог- Решение за разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Маршал Тито” Струмица;
13. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Видое Подгорец” Струмица;
14. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Герас Цунев” с. Просениково;
15. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Св. Кирил и Методи” с. Дабиле;
16. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Гоце Делчев” с. Вељуса;
17. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Маршал Тито” Муртино;
18. Предлог- Решение за разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Даме Груев” Куклиш; и
19. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООМУ “ Боро Џони” Струмица.