Со 14 гласа „за“, 1 против и 8 „воздржани“ Советот на Општина Струмица го усвои Буџетот за 2026 година кој изнесува 1.700.629.296 денари или околу 27,5 милиони евра. Вкупниот Буџет на Општина Струмица за 2026 година ги опфаќа средствата од основниот буџет, блок-дотациите, самофинансирачките активности и донациите.
Буџетот за 2026 година е проектиран со развоен карактер и со јасно утврдени приоритети во областа на образованието, инфраструктурата, социјалната заштита и локалниот економски развој.



























