СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица домаќини на овогодинешниот натпревар на Млади истражувачи на Република Македонија

април 17, 2018

После долги години активно учество и голем број освоени награди на минатогодишните натпревари на Млади истражувачи на Република Македонија, СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица и официјално годинава ќе биде домаќин на истоимениот натпревар.

Ваква одлука била донесена после работната средба на делегација од Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – Наука на млади,  со заменик директорот на училиштето, г-дин Зоран Ристов .

Инаку, станува збор за натпревар со доста долга традиција, годинава 54- ти по ред. Местото на одржување секоја година е различно, а бројот на учесници континуирано се зголемува. Оваа година напреварот ќе се одржи на 21 април,  сабота и тимот на Струмица Денес ја користи приликата да им посака многу среќа на сите натпреварувачи!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ