СОУ „Димитар Влахов“-Струмица освои шест награди на „Образовното рандеву МАССУМ 2019“

април 14, 2019

СОУ „Димитар Влахов“ со освоени шест наградни на „Образовното рандеву МАССУМ 2019“.

Најубав штанд – Група ученици под менторство на професорите Билјана Бајрактарова, Јасмина Цамбулева и Љубица Спасова. Освоено прво место – златна плакета.

Интервју за работа на македонски јазик – Ученичката Елена Ташева под менторство на професорите Билјана Бајрактарова и Јасмина Цамбулева го освоија второто место – сребрен медал.

Најдобар соло изведувач – Под ментворство на Илија Даов, ученичката Славица Ангелова се здоби со прво место – златен медал.

Под менторство на професорот Љупчо Бучев, учениците Ивана Иванова во категоријата пинг-понг, го освои третото место. И ученикот Филип Митев го освои третото место во истата категорија но за машки. А во категоријата серва, учениците Сара Велкова, Радица Цонева, Васко Минилов и Филип Тодоров го освоија второ место.

Честитки од тимот на Струмица Денес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ