СООПШТЕНИЕ: СЕ ПОКАНУВААТ СИТЕ ДЕЦА ОД НАШИОТ ГРАД, СО РАДОСТ ДА ЈА ДОНЕСАТ ВЕСТА НИЗ СТРУМИЧКИТЕ УЛИЦИ ДЕКА ХРИСТОС СЕ РОДИ!

јануари 3, 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА БОЖИЌНА ЛИТИЈА

СТРУМИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА

Ги известува своите верници дека организира Божиќна литија.

Ги поканува сите деца од нашиот град, да се приклучат на литијата, која традиционално ќе се одржи на Бадник.

Во понеделник, на 6 јануари, во 10.00 часот детската поворка ќе тргне од пред храмот на Св. Димитриј и Св. Григориј Палама, низ градските улици, преку плоштадот, низ старата чаршија до храмот Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.

Таму децата ќе бидат пречекани и ќе добијат благослов од епископот Стобиски г. Јаков.
Пеејќи ја божиќната песна децата ќе станат гласници, како некогаш ангелите, на радосната вест за Христовото раѓање, објавувајќи ја на целиот град.

Деца, бидете дел од големата божиќна радост!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ