strumica denes logo

Сообраќајка на раскрсница во Струмица: Во болница пренесени двајца малолетници

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

На 30.07.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Белградска“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Д.(62) од Струмица и мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.