СОНОТ СТАНУВА РЕАЛНОСТ: НАСА докажа дека може да произведе кислород на Марс!

септември 11, 2023

Една од главните пречки за одење на човечки екипаж на истражувачка мисија е недостигот на кислород на таа планета. Со оглед ан тоа дека патот до Марс е долг, астронаутите би морале со себе да понесат голема количина кислород. Но, НАСА во склоп на мисијата Perseverance тестираше мал уред кој треба да ја претвора атмосферата на Марс во кислород, кој ќе можат да го користат астронаутите, но и нивните летала за погон.

Уредот MOXIE (Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment) не е поголем од микробранова печка, а докажано е дека може да создаде кислород на Марс и да осигура залихи на воздух погоден за дишење на астронаутите.

Импресивната изведба на MOXIE покажува дека направил кислород од атмосферата на Марс, кислород кој би можел да помогне за снабдување нa идните астронаути со воздух за дишење или ракетно погонско гориво, велат од НАСА. Развојот на технологија која ни овозможува корстење на ресурсите на Месечината и Марс кои се клучни за изградба на долгорочно присуство на Месечината, создавање силна лунарна економија и ни овозможува да ја поддржиме почетната човечка кампања за истражувањ ена Марс.

MOXIE во текот на двегодишната мисија на Марс има произведено вкупно 122 грама кислород. Ако таа количина не ви се чини голема, не е баш така. Толку отприлика дише едно мало куче за период од 10 часа. За споредба, на еден човек дневно му се потребни околу 500 литри кислород за нормално функционирање.

Тоа е многу повеќе отколку што може да произведе MOXIE, но се покажа дека е воможно. Како што велат инженерите од Институтот за технологија на Масачусетс, кои го осмислија MOXIE, докажаа дека технологијата е ефикасна во реални услови и дојдоа на чекор поблиску до иднината во која астронаути може да живеат на Црвената планета.

MOXIE произведува молекуларен кислород преку електрохемиски процес кој одвојува еден атом на кислород од секоја молекула јаглерод диоксид испумпана од тенката атмосфера на Марс. Додека тие гасови течат низ системот, се аналзиираат за да се провери чистотата и количината на произведениот кислород.

Благодарение на MOXIE, наместо со себе на Марс да се носат големи количини кислород, идните астронаути можат да живеат од марсовското тло користејќи материјали кои ќе се пронајдат на планетата за да преживеат.

Но, следниот чекор не е создавање на уште поголем уред MOXIE, туку целосен сисѕем кој би вклучувал уред како MOXIE кој би овозможил складирање на тој создаден кислород.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ