СОФ 2019: Започна пријавувањето за Street basket 2019!

април 11, 2019

Од 11 до 13 јуни на кошаркарското игралиште на СОУ „Јане Сандански“ – STREET BASKET 2019.

Тридневниот кошаркарски турнир ќе го забрза #ритамотнаградот на #соф2019! Спортскиот месец јуни ќе донесе многу музика, дружење, урбана забава и бројни награди за натпреварувачите и публиката.

Најуспешните три екипи ќе добијат награди во вредност од 6.000 (трето место), 12.000 (второ место) и 18.000 денари (прво место). За најкорисниот играч следува парична награда во вредност од 3.000 денари (MVP).

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето е во тек и ќе трае додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 1000 денари. Со секоја платена котизација се добива дрес.

На 11 јуни атмосферата ќе ја загрева DJ Tom. На 12 јуни ритамот ќе го одржува DJ Kiskinov. Специјални музички гости на финалето на 13 јуни ќе бидат DJ Popeye & Divizija.

Контакт за пријавување на екипите и дополнителни информации:
Столе Христов – 070 347 416

ФЕЈСБУК НАСТАН: https://www.facebook.com/events/386498295268840/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ