На СОФ 2019 ќе биде прикажан првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна мечка на Берлинскиот фестивал. Премиерната проекција во Струмица ќе биде на 23 јули на отворената сцена во градскиот парк.
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е во режија на Теона Стругар Митевска, а е инспириран од настанот што се случи на Водици во 2014 година, кога Борислава Васкова го фати крстот фрлен во реката Брегалница во штипско Ново Село, за потоа да ѝ биде одземен. Во главната улога е Зорица Нушева.
Филмот се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.
Од 1 Мај филмот ќе започне да се прикажува во шеесет кино сали на низ цела Франција, од кои седум се во Париз.