СО ЗАКАНИ МУ ОДЗЕЛ ПАРИ: ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 19 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД ВАСИЛЕВО!

август 3, 2023

На 03.08.2023 година во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц. (19) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21.30 часот во Струмица со закани кон лицето А.А. (54) му одзел пари. К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ