strumica denes logo

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ!

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

На 13 декември 2025 година, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, брза динамика и препознатливи арии со децении ја освојува светската и домашната публика.

Изведбата ќе се одржи под диригентство на Маестро Џанлука Мартиненги (Италија), со режија на Урсула Хорнер (Австрија), сценографија на Марија Ветероска и костимографија на Марија Пупучевска. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

На сцената ќе настапат истакнати солисти: Роберто де Кандиа (Италија), Николина Јаневска, Чанг Ванг (Кина), Владимир Саздовски, Јанош Носек (Полска), Злата Тошевска Димовска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, како и Анастасија Грговска на чембало, заедно со хорот и оркестарот на МОБ.

„Севилскиот бербер“ е едно од најзначајните и најпопуларни дела на Росини – композитор чиј препознатлив музички јазик, виртуозност и ритмичност создаваат неповторлива сценска енергија.

Видеолотарија Касинос Австрија, како силен поддржувач на културните иницијативи, со гордост стои зад настаните што ја збогатуваат културната сцена во земјата. Поддршката на уметноста е составен дел од корпоративната стратегија на компанијата, бидејќи веруваме дека културата е двигател на инспирација, духовноста, заедништво и општествениот напредок.

  • Banner