СО КОРЕОГРАФИЈА И ШОУ, ЧУВАРИТЕ НА ГРАДОТ, АЈДУЦИ-СТРУМИЦА ПРОСЛАВИЈА 35 ГОДИНИ!

декември 3, 2023

Навивачката група на Беласица, популарните „Ајдуци“, прославија јубилеј на натпреварот против Скопје во рамки на Втората македонска фудбалска лига!

„Ајдуците“ кои се верна сенка на струмичката фудбалска гордост прославија 35 години постоење. Во чест на јубилејот од основањето, имаше и специјална кореографија на трибините на стадионот „Благој Истатов“.

Стариот симбол на струмичка Беласица, кенгурот, кој плаво-белите со години го носеа на нивниот дрес, беше главен мотив во кореографијата на навивачката група.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ