strumica denes logo

Со кои воспитни реченици израснаа струмичките деца?

Автор:

Датум:

октомври 15, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 15, 2018

Категории:

Струмица

Неоспорно е дека секој родител се залага да го спроведе процесот на социјализација и воспитување на своето дете најдобро што може. Притоа, употребува најразлични методи и зборови. Во прилог, десетте реченици со кои сите ние израснавме, и тоа на струмички!

1. „Колко човек е подобар со вас, вие на глава му се качувате!“

2. „Само нии се слушаме од цела маала!“

3. „Одејте да видате дали другите деца така прават, најделе сте – зајделе!“

4. „Додека си под мој кров, ќе праваш така как шо ќе ти кажам!“

5. „Ќе дојдаш после некоо време на мојто, ама касно ќе биде!“

6. „Од мајка ти и татко ти никој не ти мисле поарно!“

7. „Од школо се иде право дома. Гледаш лево-десно ка минаш пешачки и после си врваш се по тротоаро.“

8. „’Рѓав ли ќе одаш? Влеви да те бајнам, децата ќе бегат од тебе!“

9. „Е Киирто ак се фрле у бунаро и ти ли ќе се фрлаш со него?!“

10. „Милето и Ангела дома помагале на мајка им, си га слушат, паметни и педантни деца. Не како вас!“ – да, скоро во секоја ситуација нашите мајки можат да дадат пример со наш другар кој е подобар од нас.