СО ДЕЛАТА НАПРАВЕНИ ОД УЧЕСНИЦИТЕ НА ЛИКОВНАТА РАБОТИЧНИЦА СО ПРОФЕСОР М-Р МИТКО ТОШЕВ, ЗАВРШИ КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА НА СОФ!

јули 30, 2019

Со изложбата на делата направени од учесниците на ликовната работилница со професор м-р Митко Тошев пред библиотеката „Благој јанков Мучето“, синоќа, заврши културно – уметничката програма на Струмица опен фестивал.
Учесниците на оваа бесплатна работилница имаа можност да совладаат неколку техники на сликање со кои во иднина ќе може подобро да ја покажат својата креативност и да ја преточат во нивни дела.

Овој настан е 17-ти по ред од богатата програма на Струмица ОПЕН фестивал. Досега се одржаа спортски натпревари, како и вечери на поезија и афоризми, кино на отворено, board games и неколку концерти.

Од 9 до 15 август настаните ќе се префрлат на малата музичка сцена „Чешмичка“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ