strumica denes logo

Следува ли нов штетен договор кој ќе влијае врз историјата на Македонија? Жестоки критики од екс македонски политичари, но и интелектуалци за францускиот предлог!

Автор:

Датум:

јуни 21, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 21, 2022

Категории:

Струмица

Францускиот предлог е најлош досега, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на панел дискусијата „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ организирана од Институтот за демократија и Институтот за европска политика.

Според него, не може да се внесе бугарската заедница во Уставот, а Бугарија да не го почитува македонскиот јазик и се уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Димитров вели, државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснување и самоопределување, нешто што Грција го направила со Преспанскиот договор.

Институтите за демократија и европска политика пак, побараа Собранието веднаш да заседава по однос на францускиот предлог и испратија порака до Владата дека не смее да остане нема. Според директорот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, раното внесување на бугарската заедница во Уставот би можело да се искомплицира во текот на преговорите.

Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска пак, вели – Овој предлог задира во области каде што не би требало и креира преседани, а доколку Историската комисија и малцинските прашања влезат во рамката, би било многу ризично за проширувањето на ЕУ во иднина.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија пак, Марјан Ѓорчев вели, земјава е во подредена состојба. Ја повика Владата веднаш да го одбие предлогот, кој според него е непристоен и недостоинствен, но значи и промена на европскиот систем.