strumica denes logo

Следува драстична промена на времето – Кога да очекуваме стабилизација?

Автор:

Датум:

мај 17, 2023

Автор:

Датум:

мај 17, 2023

Утре и во четврток времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Прогноза за 18.05.2023
Минимална температура: 8°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 19.05.2023
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.05.2023
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.