СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Македонија е безбедна и покрај двете активни војни и конфликтите во регионот!

октомври 20, 2023

И покрај двете активни војни во светот, но и конфликтите во регионот, Македонија е безбедна и не е под закана, уверува министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Разузнавачките и безбедносни служби постојано ги следат случувањата во Израел и Украина.

Иако неколку земји побараа заштита на нивните верски објекти во жариштата во војната на Блискиот исток, министерката Петровска вели дека до нашите институции нема пристигнато барања да се заштити еврејската заедница, ниту пак нивните верски објекти.

“Координацијата на безбедносните и разузнавачките служби и информациите што се разменуваат покажуваат дека сега закана нема, независно дали се работи за припадници на една заедница или кон некакви објекти, но тоа не значи дека институциите остануваат само на таа информација. Ќе ги следиме случувањата и доколку е потребно и се укаже некакво вид безбедносна закана, не само Евреите туку секој еден граѓанин на нашата држава ќе биде соодветно заштитен”

Токму завојуваните зони, но и конфликтите кај северните соседи се причина претседателот Стево Пендаровски следната недела да го свика Советот за безбедност. Иако според претседателот војната е далеку од Македонија, сепак има македонски државјани од сириската војна кои се борат на неколку фронта и треба да се внимава на нив, доколку решат да се вратат во државава.

Според Пендаровски поволноста на Македонија е што е членка на НАТО, со што сме заштитени, но и редовно добиваме брифинзи за завојуваните подрачја.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ