strumica denes logo

СЛАВЕ АНДОНОВ: ЗА ПРВПАТ АСФАЛТИРАН ПАТОТ ПОКРАЈ АМБУЛАНТАТА ВО ВЛАДЕВЦИ!

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

Автор:

Датум:

декември 12, 2025

Во населеното место Владевци, Општина Василево реализираше значаен инфраструктурен зафат – за првпат е асфалтиран патот покрај амбулантата, со што се подобрува пристапот и безбедноста за жителите и посетителите на здравствената установа.

Проектот е реализиран во соработка со ЈПДП, по иницијатива на Општина Василево. Новоасфалтираната делница е долга околу 500 метри и претставува исполнување на долгогодишно барање на жителите на Владевци, кои со години укажуваа на потребата од уредување на оваа сообраќајница.

Од Општина Василево информираат дека активностите за подобрување на локалната инфраструктура продолжуваат и во наредниот период, со фокус на реализирање проекти во секое населено место, со цел поквалитетни услови за живот на граѓаните.

  • Banner