Во населеното место Владиевци, општина Василево, започна реализација на значајни инфраструктурни проекти во вкупна вредност од околу 16.000.000 денари. Како дел од активностите, веќе е започнато партерното уредување на дворот во новоизградената црква во селото.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, информира дека во текот на претстојната недела ќе започне и реализацијата на други проекти предвидени за Владиевци, со цел подобрување на условите за живот на жителите.
„Граѓаните на Владиевци ќе бидат сведоци на нови проекти со кои значително ќе се унапреди нивното секојдневие. Ветеното за Владиевци го реализираме“, порача Андонов.
Со ова, Владиевци добива нов лик, а локалната самоуправа продолжува со исполнување на дадените ветувања.