На големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со Викарниот Епископ Стобиски, г. Јаков. Во рамки на оваа посета, градоначалникот Андонов доби архипастирски благослов од епископот, како поддршка за понатамошното негово делување.
Како што истакна градоначалникот, благословот и разговорот со Епископ Јаков претставуваат силен поттик и дополнителна одговорност да продолжи да работи чесно, посветено и во служба на граѓаните на општина Василево.
Андонов упати и благодарност за благословот, за добрите зборови и изразената поддршка, посакувајќи празникот да донесе здравје, мир и благосостојба во секое семејство во општината и пошироко.
























