strumica denes logo

Славчо Попоски: Циклонот „Оливија“ нема да го донесе првиот снег на Струмичани!

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Струмица

Циклонот ОЛИВИЈА во текот на изминатиот викенд го донесе првиот снег во поголемиот дел од државава, снег паѓаше во западните и во југозападните предели на државава како локално и на север а снег провеа и во Скопскиот регион.

Циклонот Оливија во Струмичкиот крај донесе само дожд а исто така и во целиот југоисточен регион.

Барем според моменталните анализи со кој располагаме Струмичани првиот снег не треба да го чекаат до крајот на овој месец, исто така снег не треба да очекуваат ниту во првите денови од месец декември што значи барем засега нема најави за тоа кога ќе падне првиот снег во Струмица.

Ние редовно ќе ја следиме временската состојба и развојот на временските услови со цел Струмичани да бидат навремено и најпрецизно информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во Струмица и да ги израдува струмичани.