Познатиот македонски артист Слаткаристика ја објави својата најнова песна со наслов „Магдалена“, дело кое носи длабока и емотивна порака посветена на сите жени кои се соочуваат со тешки моменти во животот.
Во текстот на песната, Слаткар храбро отвора тема која често е табу во општеството, менталното здравје и емоционалната болка. „Колку и да е тешко, никогаш не кревај рака на себе“, пее Слаткар, испраќајќи јасна и моќна порака до оние што се чувствуваат изгубени или осамени.
Покрај охрабрувањето, авторот низ маестралниот текст потсетува дека секоја жена заслужува љубов, внимание и разбирање. Токму таа човечка топлина и поддршка, според него, се клучот за надминување на најтемните периоди.
Песната „Магдалена“ за многу кратко време стана хит на социјалните мрежи, а во моментов се наоѓа меѓу најгледаните видеа на Јутјуб во Македонија, потврдувајќи ја нејзината релевантност и влијание врз публиката.
Со оваа песна, Слаткаристика уште еднаш докажува дека музиката има моќ не само да забавува, туку и да лечи и охрабрува.