Со растот на температурите почна да расте и потрошувачката на вода во Струмица. Во последните неколку денови регистрирано зголемување од околу 20 што е значително поголем процент во однос на истиот период лани. Зголемената потрошувачка на вода била посебно изразена во утринските и попладневните часови како и за време на викендите кога најголемиот дел од граѓаните се во нивните домови. Од Комуналец велат имајќи предвид дека се работи за летен период ваквата појава била очекувана, но сепак овој процент не е вообичаен за овој период од годината.
,, Потрошувачката на вода овие денови е драстично зголемена за разлика од претходниот период, од претходните години. Но, секако тоа е поврзано и со покачувањето на температурите кои што се присутни овој период.,, вели Столе Ефремов – ЈПКД Комуналец – Струмица.
Од струмичкото комунално претпријатие велат дека континуирано ја следат потрошувачката и врз основа на потребите ќе и зголемуваат количините на произведена вода. Од таму додаваат дека тие имаа доволно капацитет за да се одговори на потребите на граѓаните и веќе се подготвени за вакви периоди. Во моментов фабриката за производство на вода работела со две третини од расположливиот капацитет.
Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК
Извор: Сител