СИТЕЛ: Беласица е полна со шумски плодови но нема кој да ги собере!

август 26, 2019

Од костен, преку боровинки, капини и малини па се до разновидни чаеви и лековити билки, потенцијалот со шумски плодови на Беласица е огромен, но нема кој да го собира.

Еден од ретките собирачи кој и денес може да се сретне по планинските ридови е Митко Костов од селото Смоларе. Со ова се занимава веќе 65 години. Вели природното богатство на Беласица е големо, од него може и добро да се заработи, но за жал нема интерес за собирање на истото.

„Тие што треба да собираат не се тука, тие што сме тука не можеме да собираме веќе. За еден ден може да се соберат 50 килограми боровинки. Тие се 10.000 денари , една плата на една шивачка цел месец што ќе работи. Неможе да се живее постојано, меѓутоа да се заработи може“, вели Митко Костов, собирач на шумски плодови.

Целосната објавата може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК

ИЗВОР: СИТЕЛ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ