Во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2026 година во населените места во Општина Струмица, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страна. Секое Барање, потребно е да биде поднесено со комплетна документација и тоа:
– Имотен лист на име на Барателот (не постар од 6 месеци), Договор за закуп (доколку постои право на закуп) или Решение за оставинска постапка.
– Изјава заверена на Нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија.
– Копија од лична карта и трансакциска сметка од Барателот.
– Оштетено/уништеното – ако е објект мора да го има запишано во Имотен лист, ако е земјоделско земјиште во Имотен лист мора да е запишано како нива, ако станува збор за овоштарник во Имотен лист треба да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.
Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.
Лица за контакт:
Игор Милев – 076-483-443
Емилија Пандева – 078-322-954
За повеќе инфо на општинската веб страна: https://strumica.gov.mk/javen-povik-prijavuvanje-steti-2026
























