strumica denes logo

СИНОЌА ВО СТРУМИЦА: Мајка пријави исчезнување на нејзините две малолетни ќерки – Се вратиле сами дома по неколку часа!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Синоќа во Струмица била пријавена загрижувачка ситуација откако една мајка алармирала дека нејзините две малолетни ќерки се исчезнати. Информацијата брзо се прошири низ градот, по што голем број граѓани се собрале пред семејната куќа на девојчињата, изразувајќи поддршка и загриженост.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како што дознава порталот Струмица Денес, по неколку часа неизвесност, девојчињата се вратиле дома, живи и здрави. Засега не се познати деталите за причината за нивното исчезнување, но најважно е дека децата се вратени безбедно кај своите најблиски.