Најавениот штрајк на Синдикалната организација при Ј.П. „Паркиралишта – Струмица“ даде резултат, откако вработените ја добија заостанатата плата.
Иако овој чекор претставува позитивен исчекор за работниците, од Синдикатот потсетуваат дека веќе подолг период имаат доставено колективен договор до менаџментот на претпријатието, кој сè уште не е потпишан.
„За жал, менаџментот нема слух за ова прашање, но ние нема да застанеме тука. Продолжуваме со борба за поголеми работнички права и навремено исплаќање на платите,“ велат од Синдикалната организација.