strumica denes logo

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧЕШЕ СО МАКЕДОНСКОТО ДЕЛО АКО НЕ ПАДНЕШЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ? СТРУМИЦА ЈА ОДБЕЛЕЖА 116 ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВАТА СМРТ!

Автор:

Датум:

мај 4, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 4, 2019

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Струмица ја одбележа 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Пред споменикот на револуционерот на градскиот плоштад кој го носи неговото име, делегации на локалната власт, политичките партии, здруженија и граѓани положија цвеќе.

Војник на слободата, стратег, револуционер, но и брилјантен ум, тоа е загубата на Македонија и на македонскиот народ.

Што ќе се случеше со македонското дело, ако не паднеше Гоце? Ова прашање сигурен сум дека и денес си го поставуваат некои од нас. И по 116 години од неговата бестрашна смрт, останува прашањето што ќе се случеше ако останеше жив. Голема е загубата, бидејќи Македонија и Гоце Делчев меѓусебно се надополнуваат.