Што ќе им се случи на газдите кои одбиваат да им исплатат К-15 на вработените?

декември 19, 2023

Работодавачите имаат рок до 31 декември да исплатат К-15 на своите вработени, во спротивно ќе се соочат со строги санкции, предупреди Министерството за финансии.

К-15 е надоместок за трошоци поврзани со годишниот одмор, кој изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата што ја добивал работникот во последните три месеци.

Според Законот за работните односи, правото на К-15 го имаат сите вработени кои се најмалку шест месеци во работен однос кај истиот работодавач, без разлика дали се вработени на определено или на неопределено време.

а 2023 година, минималниот износ на К-15 е околу 14.600 денари.

Работодавачите кои нема да исплатат К-15 на своите вработени или ќе ги принудуваат да им ги вратат парите, ќе бидат казнети со глоба од 4.000 евра, а можат да добијат и затворска казна од три месеци до една година.

Министерството за финансии апелира до работодавачите да го почитуваат законот и да го исплатат К-15 на време, а до вработените да го пријават секој обид за злоупотреба на нивното право.

Неодамна и Министерството за образование апелираше да се исплати регрес за годишен одмор на вработените во основно и средно образование со потсетување дека се префрлени парите во општините.

„Сите локални самоуправи да ги почитуваат правните прописи и да ја реализираат исплатата на регресот за годишен одмор за 2023 година, согласно член 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (Сл. весник бр. 154 од 20.07.2023 година), во кој е утврдено дека работникот има право на надомест за регрес за годишен одмор во еднократен износ кај еден работодавач, во текот на годината, без оглед во колку училишта има засновано работен однос“, велат од МОН.

Според податоците од Државниот завод за статистика, од околу 70.000 активни претпријатија, 42.720 лани исплатиле регрес за годишен одмор. Највисоки суми за К-15 се исплатени во трговијата на големо со фармацевтски производи, сметководствени, книговодствени и ревизорски работи, даночно советување и други дејности.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ