Што ги брка младите од Македонија?

август 12, 2023

Македонија старее, а младите ја чекаат првата прилика да заминат во странство за подобра иднина. Ниските плати, квалитетот на образованието се само дел од причините кои ги бркаат младите од земајва.

Во дел од општините нема редовни автобуски линии до гланиот град, но има редовни линии до Германија, Швајцарија и Италија, каде младите најчесто се одлучуваат да заминат. Потребата од работници во западните земји дополнително ја празни нашата земја.

Според законот за младинско учество секоја општина треба да има младински совет, само шест од нив се заложиле да ја остварат оваа законска обврска. Според проценките на организациите, во изминативе години повеќе од 77.000 млади лица заминале од татковината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ