ШПАНИЈА ГО ПРАВИ НАЈСКАПОТО СИРЕЊЕ ВО СВЕТОТ: Два килограми од синиот „кабралес“ чини 32.000 евра

септември 1, 2023

Синото шпанско сирење „Кабралес“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапото сирење во светот бидејќи достигна цена од 32.000 евра за тркало од 2 килограма.

– Знаевме дека имаме добар производ што е тешко да се победи – изјави производителот Гилермо Пендас, кој го произведуваше скапиот деликатес во фабриката на неговото семејство во Лос Пуертос за лондонскиот Тајмс.

„Кабралес“ е полутврдо сирење со силна арома што зрее во планинските пештери Астурија на северот на Шпанија, а кое непосредно пред да го собори овој рекорд, на 51-от годишен натпревар за сирење во Лас Аренас, беше прогласен за best Cabrales, сино сирење кое се прави исклучиво во споменатата шпанска провинција Астурија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ